Јуни секогаш ни е гостин драг.
Еве сега ни пристигна пак!
Тој од нас никогаш ништо не проси,
а што ќе му побараме - од срце ни носи.
Мај што ќе засади и ќе посее,
јуни ќе го обере и ожнее...
Тоа го прави секое лето.
И затоа е најсакан месец на светот.
Зар не ти е убаво и тебе, кажи
кога со јуни шеташ по песочните плажи?
Или кога летуваш некаде во планина?
Можеш ли да ја опишеш таа убавина?
И не треба да се чудиш,
или нешто да те буни.
Зашто и летото почнува во јуни.
Затоа, ајде вака да направиме:
Со песна и игра летото да го поздравиме.
Додека ни е гостин, додека трае
секој од нас - каде и да е
да биде весел, да игра, да се смее.
Како јунското сонце нас што не грее!